На видеоматеријалот се гледа командирот на подморницата Антон Алехин како традиционално крши шише шампањско од трупот на подморницата додека таа полека се спушта кон водата. Видеото го објави телевизискиот канал ТВЦ, а церемонијата ја пренесе интернет-порталот „Взгљад“.
Неодамна неименуван извор од воено-индустрискиот комплекс откри дека комплексот „Посејдон“ ќе биде во вооружувањето на специјалната подморница-носач „Белгород“, додека дрон-торпедото веќе за две години ќе влезе во вооружувањето на руската армија.
Постојат основани претпоставки дека нуклеарната подморница „Белгород“ ќе може да носи до шест беспилотни торпеда „Посејдон“. Според западната аналитика, овие беспилотни пловила ќе можат да носат термонуклеарна боева глава која ќе има сила еквивалентна на 100-150 милиони тони ТНТ. Според тие претпоставки, еден „Белгород“ ќе може да проектира незапирлив удар во распон од 600-900 мегатони ТНТ.
Во церемонијата зеде учество и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин кој го посети бродоградежниот гигант „Севернаја верф“ во градот Санкт Петербург.
Потсетник за дрон-торпедото „Посејдон“
Се работи беспилотно нуклеарно торпедо со интерконтинентален дострел кое може во од да ја менува траекторијата на своето движење. Според западни разузнавачки извори, овие подводни апарати ќе бидат опремени со термонуклеарно оружје. Имено, просторот за корисен товар (боева глава) ќе има должина од 6,5 метри. Според наводите на американските разузнавачки служби, толкавиот голем простор запремнински е доволен за да може во него да се мести боева глава со сила од 100-150 мегатони ТНТ. Неодамна руски извори изнесоа податок дека стратешкиот нуклеарен подводен дрон-торпедо ќе носи боева глава со сила до 2 МТ. Покрај нуклеарна боева глава, тој ќе може да носи и конвенционална боева глава, што е сепак малку веројатно, со оглед на цената на еден ваков „колос“ која секако не е мала за операции на тактички план.