Зошто на Запад перспективната руска јуришна подморница се споредува со ловецот F-35?

malachite-spb.ru
Корпусот на подморницата ќе се состои од повеќеслојна структура која значително ќе ја намали можноста за негово откривање со помош на современи хидролокатори. На нејзината невидливост ќе влијае и новиот атомски погон, кој ќе биде вистинско ремек-дело на руската конструкторска мисла. Подморницата ќе има голем број ракети „Циркон“ во своето вооружување, како и специјални борбени роботи-амфибии.

Воениот експерт Алексеј Леонков ја откри основната карактеристика на подморниците од петтата генерација. Имено, нивниот повеќеслоен корпус ќе се состои од композитни материјали, што значително ќе ја намали способноста на непријателските хидролокатори да ја регистрираат, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Експертот додаде дека примената на композитни материјали ќе го олесни и целокупниот депласман на новите подморници, кои ќе станат полесни, што ќе овозможи интеграција на дополнителна апаратура и средства за вооружување. „Главната задача на подморниците од овој тип е противбродска борба, поточно задржување на ударна група површински бродови на голема дистанца“, рече експертот.

Покрај тоа, можеме да очекуваме и пријатно изненадување кога станува збор за нуклеарниот погон, кој според Леонков, може да стане ремек-дело на руската инженерска мисла.

„Постојат размислувања дека новите атомски реактори, кои подморниците од петтата генерација ќе ги користат како погон, значително ќе ја зголемат брзината на подморницата а ќе го намалат нејзиниот шум. Исто така, ова ќе ја зголеми и нивната автономија на пловење. Престојот во подводен режим на движење ќе биде зголемен, додека поради воведувањето на целосна автоматизација на целокупниот процес екипажот ќе биде намален - помалку од 100 луѓе. Подморницата ќе биде опремена со најсовремени системи за навигација кои ќе бидат поврзани со сателитите, со што ќе се обезбеди употреба на високопрецизно оружје“, заклучи Алексеј Леонков.

Неодамна стана извесно дека петербуршкото проектно биро „Малахит“ ја завршило научно-истражувачката работа под шифрата „Хаски“, при која е дизајниран обликот на повеќенаменска нуклеарна подморница од петтата генерација, а потоа се пристапило кон изведување на опитно-конструкторсите работи под шифрата „Лајка“. Извор на рускиот интернет портал ТАСС кој доаѓа од воено-индустрискиот комплекс рече дека првата фаза на развојниот проект под шифрата „Хаски“ била завршена кон крајот на 2018 година, а нејзините резултати биле примени и одобрени во руското Министерство за одбрана.

Новата повеќенаменска нуклеарна подморница од петта генерација ќе има „модуларна конструкција и интегриран систем за боево командување со вештачка интелигенција“, изјави неименуваниот извор од руската воена индустрија. Притоа тој рече дека подморницата ќе биде вооружена со перспективната противбродска ракета „Циркон“ која ќе има хиперсонични карактеристики. Покрај тоа, оваа повеќенаменска подморница од петтата генерација ќе биде поддржана и од специјални роботи-амфибии кои ќе се наоѓаат во нејзиниот арсенал.

На Запад перспективната повеќенаменска подморница од петтата генерација која се развива во Русија ја прогласија за „подводен пандан на проектот F-35“.

Прочитајте повеќе: Западни медиуми: Русите прават подводен еквивалент на американскиот ловец F-35

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња