„Хјундаи“ против Т-80БВМ: Теренецот се обиде да го достигне „оклопниот ѕвер“ од 1500 „коњи“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Телевизискиот канал „Ѕвезда“ објави видео од необичен натпревар. Теренско возило од марката „Хјундаи“ се обиде да достигне тенк Т-80БВМ. Како изгледаше тоа погледнете во продолжението на текстот.

Настанот се случи во природен амбиент кој одговара за тенкови, на земјен пат во Омската област кој во оваа доба и понатаму е покриен со снег. Во вакви услови „Хјундаи“ едноставно немаше шанси за успех. При брзина од 70 км/час проблемот беше исклучително малата видливост која ја создаваше тенкот додека се пробиваше низ снежната покривка. Во еден момент Т-80 нагло го запре своето движење, додека возилото од странска марка во тој момент изгуби контрола и запре во снегот покрај патот. На крајот мораше да биде ангажиран тенк да го извлече оттаму, пренесува рускиот интернет-портал РГ.

Коментаторите на овој видеоматеријал обрнаа внимание на тоа дека луѓето кои се движеа во патничкото возило ризикуваа сообраќајна незгода, обидувајќи се да го стигнат „забревтаниот“ тенк. Тие се движеа со многу голема брзина, а притоа не одржуваа безбедна дистанца. Не смее ни да се замисли ситуација доколку тенкот поради некоја причина запреше. Тешко дека оние што го следеа воопшто би имале време да ја избегнат оваа пречка, во која со сета сила би се заковале со многу веројатен фатален исход. Меѓутоа, тие беа сигурни дека такво нешто не може да се случи кога е во прашање Т-80БВМ.

Ова се само некои од коментарите:

На најновата модификација на тенкот Т-80БВМ е интегриран унапреден гаснотурбински мотор кај кој силата од почетните 1200 е зголемена на речиси 1450 коњски сили. Со нив популарниот „млазен тенк“ се движи уште побрзо.

Прочитајте повеќе: „Тенкот-ракета“ не може да го запре ни најсуровата арктичка зима: Пали од прва на -50 степени