Тенк Т-80.
mil.ruТ-80 е единственото во светот оклопно возило со гаснотурбински погон и првиот тенк со вграден динамичен систем за оклопна заштита. Развиен е врз основа на Т-64 во 1976 година, а се произведуваше до 1998 година. Воениот врв во 2007 година реши да го замени возилото со Т-72 со дизел мотор.
Недостатоците на Т-80 вклучуваат висока потрошувачка на гориво, лошо конструиран простор за муниција, наследството на Т-64, комплексноста, несигурноста и високата цена: гаснотурбинскиот тенковски мотор чини десет пати повеќе од дизел мотор. Сепак, „млазните тенкови“ се отпорни на прашина, топлина и студ, а се одликуваат и со голема способност за совладување на тешкотиите на патот, како и со флексибилност на движење за време на гаѓање.
Во моментов Т-80 се повлекуваат од складиштата, се изедначуваат со Т-72 со најновите модификации во поглед на нишанот и заштитата и се враќаат во единиците. Таквата верзија под назив Т-80БВМ активно учествува во руско-белоруските воени вежби, а на видео снимката на белоруската телевизија може да се види од 1:19 и понатаму.
Руското Министерство за одбрана објави „жестоко” видео со тенк Т-90
„Запад 2017“: С-400 „Триумф“ и Су-35С херметички го затворија небото над подрачјето на воените вежби
3 причини поради кои би требало да ја следите најголемата руско-белоруска воена вежба
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче