Воздушно-космичките сили на РФ добија два модернизирани авиони Ту-95МС

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Таганрошкиот авијациски научно-технички комплекс „Бериев“ им испорача на Воздушно-космичките сили на Русија два ракетоносци Ту-95МС по нивната модернизација, соопшти оваа компанија.

„Компанијата „Бериев“ им испорача на Воздушно-космичките сили на Русија модернизирани авиони Ту-95МС. Месецов компанијата им предаде на екипажите на стратешката авијација два авиона Ту-95МС на кои изврши капитален ремонт и модернизација“, го пренесува агенцијата ТАСС соопштението на компанијата.

Како што се истакнува, Ту-95МС бр. 24 долетал на 11 април во својата база, а Ту-95МС бр. 19 долетал на 13 април. Информативната служба на компанијата „Бериев“ додава дека со капиталниот ремонт и модернизацијата е продолжен работниот век на бомбардерите.

Во октомври 2018 година Министерството за одбрана на РФ соопшти дека се преземаат мерки за продолжување на работниот век на стратешките ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС.

Погледнете го видеото: Моќта и убавината на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на Русија