Руското Министерство за одбрана објави архивска снимка од летот на стратешкиот бомбардер-ракетоносец Ту-95. Видеото се наоѓа на „Јутјуб“ профилот на министерството.
„Прототипот на авионот полета на 12 ноември 1952 година, а три години потоа почна и неговото масовно производство. Произведени се преку 500 такви авиони“, се наведува во описот на видеоснимката.
Во текот на употребата на овој апарат направени се преку 20 негови варијанти. Ту-95, кој според НАТО класификацијата го доби прекарот Bear (мечка), и понатаму е најбрзиот авион на светот со елисни мотори.
Тајната на неговата навистина неверојатна брзина за овој тип на авиони (максимална од 926 км/ч, а брзината на крстосување од 750 км/ч) е во специфичната конструкција со која се карактеризира трупот со висока аеродинамичност и четирите „Кузнецов“ турбо-елисни мотора со контра-ротациски пропелери. Максималниот долет на авионот без дополнување на гориво е 15000 километри, а горната граница на летање е 13700 метри.
Носивоста на убојни средства со максимална маса од 15 тони му дава на овој авион и респектабилен арсенал кој може да се состои од 6 до 16 крстосувачки ракети од различен вид, нуклеарни боеви глави со сила од 20 до 50 мегатони, конвенционални бомби и автоматски топови ГШ-23 со калибар 23 мм на далечинско управување, сместени во опашката на леталото.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче