„Во фаза на државни тестирања се наоѓаат патролниот брод „Дмитриј Рогачев“ и брзиот транспортно-десантен брод од нова генерација и морски тегнач „Сергеј Балк“. Се планира воведување во вооружувањето на уште 13 нови бродови и пловила за обезбедување, во чии рамки ќе се најдат и мали ракетни бродови од различна класа кои ќе бидат вооружени со крстосувачки ракети „Калибар“, ги пренесува интернет-порталот „Взгљад“ зборовите на командантот на Јужниот воен округ генерал-полковник Александар Дворников.
Меѓутоа, притоа не се наведува точниот рок за прием на новите бродови во единиците на руската Воена морнарица.
Генерал Дворников исто така напомна дека амбициозниот проект за модернизација на Црноморската флота започна во 2014 година. Во тие неполни пет години Црноморската флота значително го подигна нивото на својата борбена готовност, која е реализирана со осовременување на техничките компоненти на нејзината воена техника. Во овој момент продолжува унапредувањето на единиците на Црноморската флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче