Руската Воена морнарица до крајот на оваа година ќе се пополни со две атомски и една дизел-електрична подморница, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во Генералштабот на руската армија, пренесува информативниот портал ТАСС.
„Во тековната година планираме воведување на две атомски и една дизел-електрична подморница во составот на воената морнарица“, рече во таа пригода рускиот министер.
Според него, површинската компонента ќе се пополни со ракетната фрегата „Адмирал Касатонов“, ракетната корвета „Гремјашчи“, големиот десантен брод „Петар Моргунов“, малите ракетни бродови „Меркур“ и „Ингушетија“, патролниот брод „Дмитриј Рогачов“, пет борбени чамци, тегначот „Владимир Емељјанов“ и со уште дваесетина пловила од различен тип и намена.
Министерот за одбрана исто така напомна дека во 2019 година ќе биде извршен и комплетен ремонт на 11 воени бродови и други пловила кои се наоѓаат во оперативниот состав на руската воена морнарица.
Тој додаде дека Обединетата бродоградежна корпорација, како главен носител на проектот за модернизација на руската воена морнарица, ги исполнува сите свои задачи што ѝ ги дава Министерството за одбрана на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче