Египет нарача десетици повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++

Скриншот
Русија и Египет потпишаа договор за испорака на неколку десетици повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++. Вкупната вредност на договорот е проценета на 2 милијарди американски долари.

Договорот за испорака на повеќе од 20 авиони и убојни средства за нивно опремување стапи во сила кон крајот на 2018 година, нагласува интернет-порталот РГ. Ова на рускиот портал му го пренесе релевантен извор од рускиот воено-индустриски комплекс. Практичната реализација на целата зделка е закажана за периодот 2020-2021 година.

Според зборовите на соговорникот на рускиот портал, во наредниве неколку години во полн обем ќе бидат ангажирани капацитетите на воздухопловниот завод во Комсомолск на Амур (се работи за фабриката која ги произведува авионите Су-35). Исто така, според него, овој договор со Египет нема да го спречи натамошното пополнување на руските воздухопловни сили со нови авиони од овој тип.

Во последниве неколку години Каиро и Москва склучија низа договори кои се однесуваат на испорака на современа воена техника: од ракетни ПВО-системи со среден и голем дострел „Бук-М2Э“ и „Антеј-2500“, па сѐ до ударни хеликоптери Ка-52 и тактички ловци МиГ-29М2.

Тешките авиони-ловци Су-35 во содејство со модернизираните тактички ловци МиГ-29М2 значително ќе ги зголемат потенцијалите на египетското воено воздухопловство, кое главно е опремено со застарени авиони МиГ-21.

Су-35С длабоко модернизиран супермневарбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологии од петтата генерација. Небесниот крстосувач го карактеризира  многу квалитетна авионика која за основа користи коплексен компјутерски информационо-команден систе, нов рдр, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловци од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

Прочитајте повеќе за небесната грабливка: Сите тајни на Су-35 во една видеоснимка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња