Кинеските пилоти за Су-35: Тоа е најдобриот авион со кој сме летале

Извор: сајт Бог-рата
Кинезите решија да одат на воени вежби со неодамна купените руски ловци Су-35 од генерацијата 4++, и покрај тоа што во своето вооружување имаат авиони од петтата генерација Ј-20 „Ченду“.

Ловечката ескадрила на кинеското воено воздухопловство, која е опремена со повеќенаменските борбени авиони Су-35 од генерацијата 4++, интензивно се подготвува за учество во меѓународните воени вежби кои кинеската војска со своите партнери ќе ги одржи во наредниот период. Неколку воени експерти не можеа да го скријат своето чудење кога слушнаа дека Кинезите планираат да учествуваат во овие вежби со штотуку купените борбени летала кои од неодамна се наоѓаат во оперативното вооружување, наместо да го одработат тоа со сопствените апарати Ј-20 „Ченду“ кои се електронски пософистицирани од рускиот пандан и кои спаѓаат во авиони од петтата генерација, пренесува интернет порталот Бог-рата.

Како што пренесува порталот, во кулоарите на кинеската армија бил изразен сомнеж во компетентноста на овие воени експерти. Според нивните зборови, експертите не се во целост запознаени со сите можности на рускиот авион. Војската рекла дека Су-35 не може да се споредува со домашниот авион од петта генерација Ј-20, затоа што се работи за летала кои имаат различна намена.

На тоа се надоврза и еден од пилотите, кој е член на елитната кинеска ескадрила „Јужен Синкјанг“ опремена со авиони Су-35, кој изјави дека „Су-35 е крал меѓу авионите од четвртата генерација“.

Су-35С е длабоко модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++, конструиран со помош на технологија од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со многу квалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловците од петтата генерација, затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

Прочитајте повеќе за небесната грабливка: Сите тајни на Су-35 во една видеоснимка

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња