„Роскосмос“ го покажа најсилниот мотор на светот (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата „Роскосмос“ првпат објави видеоснимка со РД-171МВ, најсилниот мотор на светот направен за новите ракети-носачи од средна класа „Сојуз-5“ („Иртиш“) и супертешка класа „Енисеј“.

Снимката е објавена на страницата на „Роскосмос“ на „Твитер“.

Генералниот директор на научно-производственото претпријатие „Енергомаш“ (кое ги прави овие мотори) Игор Арбузов изјави дека првиот пазарен примерок на моторот РД-171МВ ќе биде доставен до нарачателот во 2021 година за првото лансирање на ракетата „Сојуз-5“ („Иртиш“) од Бајконур.

„Моторот РД-171МВ навистина ќе биде најсилен на светот“, рече Абрамов, истакнувајќи дека силата на овој мотор ќе изнесува 246 илјади коњски сили, масата 10 тони, додека потисокот ќе му биде поголем од 800 тони.

РД-171МВ е модификација на моторот РД-171М користен во првиот степен на ракетата-носач „Зенит“. Наменет е за првиот степен на новата ракета „Сојуз-5“ („Иртиш“) чие прво лансирање е планирано за 2022 година.

Прочитајте повеќе: Рогозин: Русија го направи најмоќниот ракетен мотор на светот