Клучниот елемент на вселенскиот нуклеарен мотор успешно тестиран во Русија

Сликата е симболична.

Сликата е симболична.

AFP

Руските научници изведоа копнени испитувања на системот за ладење на вселенскиот нуклеарен мотор (ЈАЕДУ) од мегават класата.

Системите на нуклеарен погон, со кои можат да се реализираат многу долги вселенски патувања, се мошне врели и затоа им е неопходен ефикасен систем на ладење. Во овој случај, нивната топлина мора да се емитува во вселената и тоа исклучително во вид на радијација. Традиционалниот метод за решавање на овој проблем беа радијаторските панели монтирани на надворешната страна на леталото низ чии цевки би циркулирала врелата течност која би ја ослободувала топлината во вселената. Меѓутоа, таквите радијатори по правило се тешки и кабасти. Освен тоа, не се заштитени од удари на метеорити.

Научници од неколку претпријатија кои му припаѓаат на „Роскосмос“, како и од одделни универзитети, развија ново решение во вид на тнр.  „капкино-емитирачки разладувач“. Тоа е уред сличен на туш низ кој течноста не циркулира, туку се распрскува во вид на капки директно во вселената, таму ја ослободува топлината, а потоа е вшмукувана назад со друг уред, по што циклусот почнува од почеток. На овој начин течноста се разладува многу побрзо (благодарение на поголемата површина на капките), механизмот е далеку полесен, а неговата отпорност се зголемува затоа што метеоритот што ќе прелета низ течноста нема да го оштети разладниот систем.

Нарачател на овој пронајдок е „Роскосмос“, а главен изведувач на работите беше Научниот центар „Келдиш“. „Работите се во целост готови. Резултатите ги исполнуваат поставените технички барања“, се наведува во актот на примопредавање на производот, пренесуваат медиумите.

Целта на проектот беше да ѝ се даде на Русија водечката позиција во развојот на високоефикасни енергетски системи за вселенски патувања и нивната функционалност да се подигне на повисоко квалитативно ниво. Техничките решенија инкорпорирани во концептот на транспортно-енергетски модул ќе овозможат исполнување на широк спектар вселенски задачи, вклучувајќи ги и програмите за истражување на Месечината и оддалечените планети, како и воспоставување на автоматски бази на нив.

Прочитајте повеќе: Руската војска постави специјален сателит во Земјината орбита

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња