Во Русија успешно тестиран вселенски мотор на јод

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Reuters

РКК „Енергија“ изведе копнени испитувања на новиот електроракетен мотор кој работи на јод.

„Научниците од лабораторијата за проектирање на перспективни погонски системи при Корпорацијата испитуваа мотор на јод во различни режими: како со регуларна ксенонска катода, така и – првпат - со нов непотрошлив катоден неутрализатор“, соопшти РКК „Енергија“.

Испитувањата ќе продолжат во орбитата. Експериментот „Островски“ е веќе вклучен во долгорочната програма за испитување на рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица.  

Експериментот ќе се одвива во два стадиума. Најпрвин астронаутите ќе ја испитуваат работата на непотрошливиот катоден неутрализатор кој го движи електроракетниот мотор на ксенон.

Во вториот стадиум, моторот ќе биде тестиран без присуство на астронаути поради безбедносни причини. Моторот ќе биде монтиран на товарното летало „Прогрес“, а надзорот на неговото пуштање во погон и режимот на работа ќе се врши преку видеоврска.

Од РКК истакнуваат дека експериментот „Островски“ е именуван по големиот научник од „Енергија“ – Валериј Островски – кој прв предложи употреба на јод како тнр. „погонско тело“ за електро-ракетниот мотор.

За работата над развојот на електро-ракетни мотори на јод РКК „Енергија“ првпат информираше во јуни оваа година.

Прочитајте повеќе: „Роскосмос“ претстави проект на вселенски брод на нуклеарен погон (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња