Видео: Русите го прикажаа производствениот процес на крстосувачката ракета „Буревесник“

YouTube

Руското Министерство за одбрана на својот канал на „Јутјуб“ го прикажа производствениот процес на крстосувачката ракета со неограничен дострел на нуклеарен погон. Оваа перспективна ракета е позната како „Буревесник“ (Буревестник) и ќе може да се лансира од копнена платформа.

Крстосувачката ракета „Буревесник“ ќе ја движи мотор на нуклеарен погон. Според својот на надворешен изглед, како и според летачките карактеристики, оваа ракета нема многу да се разликува од стандардните крстосувачки ракети. Судејќи по достапниот дел на крстосувачката ракета „Буревесник“ кој не е покриен со заштитна покривка, ракетата од предната страна неодоливо потсетува на крстосувачката ракета од класата „воздух-земја“ Х-101 која ја користи руската стратешка авијација. Меѓутоа, за разлика од неа, поради примената на минијатурниот нуклеарен реактор кој ја движи оваа ракета, нејзиниот дострел практично ќе биде неограничен.

Во вооружувањето на оваа ракета ќе се наоѓа нуклеарна и конвенционална боева глава.

Погледнете: Доколку Русија биде присилена да се брани, таа ќе биде одбранета!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња