Руската стратешка авијација ја облета цела Јапонија: Во акцијата учествуваа авиони Ту-95МС и СУ-35С

Интернет портал „Бог-рата“
Авионите на стратешката авијација на Воздушно-космичктите сили на руската армија деновиве изведоа вежба во неутралните води на Пацификот во која вежбаа екипажи на авиони Ту-95МС и Су-35С. Вкупно беа ангажирани четири стратешки бомбардери Ту-95МС а како ловечка придружба четири повеќенаменски ловци од генерацијата 4++ Су-35С.

Дежурните радарски капацитети на Војската на Јапонија ги открија овие авиони и упатија кон нив своја ловечка група која го следеше нивното движење. Рускат авијација не го загрозуваше воздушниот простор на својот источен сосед. Целата мисија беше реализирана над неутралните води на Тихиот океан, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Ту-95МС претставува костур на руската стратешка авијација. Се работи за модификација на основната верзија Ту-95. Применетиот пакет модернизација овозможи овој авион да носи крстосувачки ракети со голем дострел Х-55 кои главно се вооружени со нуклеарни боеви глави со сила од 500 кт. Дострелот на овие ракети може да достигне и 3,500 км (последната модификација Х-55СМ). Модернизираната верзија Ту-95МС може да носи до шест вакви ракети. Во наредната етапа на модернизацијата се предвидува понатамошно проширување на отсекот за носење ракети, со што нивниот број би се зголемил на дури 16 парчиња. Во најновата варијанта овој авион може да ги употребува новите ракети Х-101/Х-102 чиј дострел надминува 5000 км.

Су-35С е длабоко модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологија од петтата генерација. Леталото се карактеризира со многу квалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила, управливи вектори на потисок и силно вооружување. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловците од петтата генерација затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.

Погледнете го видеото: „Мечки“ летаат над Тихиот океан

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња