Стотиот сериски повеќенаменски ловец Су-35С му е испорачан на Министерството за одбрана на РФ во рамките на завршната партија авиони кои се комплетирани во 2018 година. Примопредавањето се случи во Комсомолск на Амур, се вели во соопштението кое во вторникот го објави информативната служба на Обединетата авиопроизводствена корпорација - ОАК, пренесува интернет порталот Бог-рата.
„Во Комсомолск на Амур во филијалата на ПАО „Компанија „Сухој“ (се наоѓа во рамките на ОАК) беше организирана церемонија за примопредавање на авиони Су-35С на руското Министерство за одбрана, каде истовремено е направен и 100-от авион од овој тип“, се вели во соопштението.
Во свеченоста зедоа учество претставници на Министерството за одбрана на РФ, генералниот директор на филијалата на компанијата „Сухој“ во Комсомолск на Амур Александар Пекарш и работниците на овој воздухопловен погон. При примопредавањето на авионите учесниците во церемонијата додадоа дека Су-35 претставува авион кој е премин од четвртата во петтата генерација на авиони – „мост меѓу легендарниот ловец Су-27 и неговиот перспективен наследник Су-57“.
Пекарш ги пофали воздухопловните производствени капацитети за вредната работа и потсети дека од одлуката кога авионот влезе во сериско производство па до 100 примерок е совладан тежок и долг пат.
Су-35С е длабоко модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологија од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со многу квалитетна авионика која за основа користи комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена сила и управливи вектори на потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловците од петтата генерација затоа што обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче