Заменик-министерот за одбрана на Русија Алексеј Криворучко ги објави податоците за бројот на повеќенаменски суперманеварски ловци од генерацијата 4++ Су-35 во состав на вооружувањето на Воздушно-космичките сили на Русија.
Криворучко соопшти дека единиците на Воздушно-космичките сили на Русија добиле преку 60 авиони Су-35С, чија пробна експлоатација до денес е веќе завршена, пренесува РИА „Новости”.
Заменик-министерот истакна дека пилотите кои го користеа Су-35С во Сирија високо ги оцениле борбените и експлоатациски карактеристики и квалитетот на овие авиони.
Претходно стручњаци од Запад предвидоа дека Су-35 ќе стекнува сѐ поголема популарност меѓу странските купувачи.
Су-35 е познат како „кошмар” на американското воено воздухопловство и како „најнапредниот” руски ловец.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче