На интернет се појави впечатлив маневар на ловец Су-35С од генерацијата 4++ (ВИДЕО)

Вадим Савицки/Global Look Press
Без никаков сомнеж, се работи за еден од најдобрите авиони-ловци на светот. Таквата оцена може да се слушне и од западните воени аналитичари кои особено се плашат од неговите неверојатни маневарски способности кои можат да решат воздушна битка на блиско растојание.

На интернет се појави видеоматеријал снимен од кабина на руски повеќенаменски ловец Су-35С од генерацијата 4++. Бидејќи е настанато во специфични услови, видеото не е доволно долго, ниту е снимено од најдобар агол. Но сепак е видлив моментот кога еден од ловците Су-35С, кои заедно летаа во група, ненадејно се одвојува од неа изведувајќи нагло искачување, каде со грациозно свртување исчезнува во далечина.

Карактеристиката на тнр. суперманеварбилност која овие авиони ја поседуваат е заслуга на погонската група мотори со управлив вектор на потисок АЛ-41Ф1С. Овие мотори се толку силни што обезбедуваат достигнување на брзина поголема од звукот, а притоа воопшто да не влегуваат во режим на дополнително согорување. Во максимален режим на работа овие мотори можат да го забрзаат леталото до брзина од 2500 км/ч при што 35-та може да лета на висина и до 20000 метри. Максималниот долет на авионот е 3600 километри, а со дополнителни резервоари со гориво може да порасне и на 4500 км.

Западните авторитети особено се плашат од овој авион, сметајќи го за еден од најдобрите ловечки апарати на светот. Тие особено ги нагласуваат неговите неверојатни маневарски карактеристики кои се недостижни за борбените авиони од западно потекло. Во последно време може да се слушне дека овој авион има и напредна авионика, со која ова летало се приближило па дури и изедначило со западните пандани, што го прави особено опасно.

Леталото го карактеризира и големата носивост на убојни средства на 12 точки под трупот, а во последно време и можноста за интеграција на силни противелектронски средства за одбрана на авионот кои ги збунуваат непријателските самонаведувани ракети од класата „воздух-воздух“ и „земја-воздух“.

Авионот се произведува во верзија едносед. Пилотот управува со него без потреба од аналогна опрема. Сѐ се одвива преку два дисплеја на кои се наоѓаат сите неопходни информации.

Прочитајте повеќе: Американски медиуми: Рускиот Су-35 е „голема неволја“ за F-35

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња