Како легендарниот „Стечкин“ реагира кога ќе се соочи со кантички полни со песок и вода

Може ли куршум од автоматскиот пиштол „Стечкин“ да пробие ведро со песок или вода? Членовите на тимот од проектот WarGonzo го забележаа на видеоснимка одговорот на ова прашање.

За експеримент го одбраа легендарниот АПС – автоматскиот пиштол „Стечкин“. Притоа користеа вистински раритет произведен 1954 година.

Се покажа дека куршумите истрелани од „Стечкин“ не успеаја да поминат низ ведрото со песок. Тие влегуваа од една страна и остануваа во песокот. Додека во вода куршумите се однесуваа непредвидливо. Отворите на влегувањето и излегувањето на куршумот се разликуваа. Во водата куршумите ја менуваа траекторијата и не можеше да се претпостави каде ќе излезат од ведрото. „Стечкин“ на снимката ја покажа и борбената способност при рафална стрелба.

Автоматскиот пиштол „Стечкин“ е конструиран при крајот на 40-те-почетокот на 50-те години од минатиот век. Во состав на вооружувањето влезе во 1951 година. Конструктор Игор Стечкин за овој проект го доби Орденот на Сталин. Ова оружје може да исстрелува поединечни куршуми или рафали. Пиштолот го добиваа офицерите, подофицерите и војниците од одделни специјалности кои според правилникот не можеа да ја добијат автоматската пушка „Калашников“ ниту карабинот СКС. Исто така, користен е во состав на вооружувањето на специјалните единици на КГБ и Министерството за внатрешни работи на СССР.

Погледнете: Руски пушки: Тестирање на експерименталниот пиштол PL-15

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња