Пиштол кој пробива панцир од 100 метри: „Удав“ подготвен за сериско производство

Интернет-порталот „Бог рата“

Интернет-порталот „Бог рата“

Руската армија е конечно на прагот од усвојување нов пиштол за своите потреби. Завршено е тестирањето на перспективниот пиштол „Удав“ кој ќе се произведува со калибар од 9х21 милиметар. Основна карактеристика на овој пиштол е исклучително големата пробојна моќ што ќе ја има неговиот куршум.

Новиот пиштол „Удав“ со калибар од 9 милиметри успешно го заврши блокот државни тестирања по кои може да влезе во вооружувањето на руската армија, пренесува Интернет-порталот „Бог-рата“. Според извори од Министерството за одбрана, новиот пиштол има добиено исклучително висока оцена на тестирањата.

Тестирањата на проектот за перспективен пиштол за потребите на руската армија кој би користел куршум со калибар од 9х21 милиметри, беа изведени од август до декември 2018 година. Блокот мошне сложени тестирања на овој пиштол се изведуваа во специјалниот центар на институтот ЦНИИТОЧМАШ (дел од концернот Ростех). Покрај тоа „Удав“ беше во рацете на специјалистите на полигоните на Министерството за одбрана на Западниот и на Централниот воен округ.

На овие тестирања се проверуваше отпорноста на пиштолот на тешки климатски услови, како и на дејството на различни механички фактори. Конкретно, пиштолот успешно издржа температура кој се движеше во опсегот од +50 до -70 степени Целзиусови. Истовремено беа проверени и балистичките карактеристики на пиштолот. Како што пренесува неименуван извор од компанијата, резултатите од тестирањето се разгледани од страна на експертите кои ја сочинуваат државната комисија, од кои добија позитивна оцена.

Според различни извори перспективниот пиштол „Удав“ остварува прецизни групи погодоци на оддалеченост до 50 метри, а капацитетот на неговата рамка изнесува 18 куршуми. Останатите технички карактеристики на овој пиштол се засега непознати.

Во моментов руската армија сè уште нема направено избор за вистински пиштол кој би бил во нејзина службена употреба. Претходно постоеја бројни обиди оваа состојба да биде изменета и да се дојде до конечен избор. Конечно, едно од можните решенија беше пиштолот „Грач“ со калибар од 9х19 милиметри. Но, за претходните десет и повеќе години тој не најде широка примена во единиците на руската армија. Во армијата пиштолот традиционално се смета за оружје кое се употребува во „крајна нужда“, како малку „забашурена“ алтернатива на основното стрелечко оружје.

Силниот домашен куршум со калибар од 9х21 милиметар првобитно беше конструиран за потребите на пиштолот СР-1 „Вектор“ (познат и како „Ѓурза“ или змија-отровница – заб. прев.). Овој куршум има можност од оддалеченост од 100 метри да пробие заштитно елече кое има III-А степен балистичка заштита.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња