Зошто НАТО го копираше рускиот „Калашников”?

Legion Media
Советската пушка беше толку успешна што дури и членките на НАТО се обидоа да направат копија.

На почетокот на Студената војна, спротивставените страни создадоа оружја кои со децении ќе служат како основни пушки во нивните војски. Тоа беа советската АК-47, американските М14 и М16, германската G3, белгиската FN FAL итн.

Меѓутоа, кон средината на 50-те данските инженери ја направија лесната автоматска пушка Madsen LAR, која во техничка смисла претставува копија на AK-47 и користи куршуми со ист калибар од 7.62x39 мм.

Што е Madsen LAR

Денес постојат само неколку пушки Madsen LAR, а некои од нив може да се најдат во срцето на Европа, во Кралскиот дански музеј на оружје во Копенхаген.

Пушката се потпира на системите на Калашников со голем гасен клип и со сличен ротирачки затворач, како и со носачите на затворачот на Калашников. Основниот концепт на тој начин се базира на моделот АК-47, додека сето останато е европски производ.

Madsen LAR има сандак од легура на алуминиум со челичен преден дел и посложен (и значително покомпактен) капак на сандакот.

Онa што е најинтересно е, што и покрај тоа што е базиран на „Калашников“ и неговите куршуми 7,62x39 мм, Madsen LAR не може да користи рамки на „Калашников“, што во потенцијален конфликт може да биде значајна слабост на бојното поле.

Според сајтот Forgotten Weapons, пушката премногу доцна се појавила на пазарот и така ја загубила можноста да се користи во војска. Местото веќе ѝ го зазеле поевтините и во борба подеднакво сигурни пушки: белгиската FN FAL и германската Heckler & Koch G3.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња