Калашников made in USA?

Источник: AP

Источник: AP

Американската компанија за производство на оружје Russian Weapon Company донесе одлука за самостојно производство на легендарниот автомат Калашников АК-47, без учество на руската страна. Russian Weapon Company, која претходно беше официјален застапник на производител на концернот Калашников во Соединетите Американски Држави, реши да започне со производство на автомати кои се најпопуларни кај Американците на територијата на САД. Ова го соопшти американското издание CNN Money.

Планирано е производството да започне веќе во првиот квартал од 2015 година, а целата партија ќе добие натпис „Произведено во САД“. Притоа називот на автоматот ќе остане без промена – АК-47.

Според договорот потпишан во јануари 2014 година помеѓу концернот Калашников и Russian Weapon Company, на американскиот и на канадскиот пазар требаше да бидат увезени 200 илјади единици оружје годишно, но санкциите ги оневозможија овие амбициозни планови. 

Автоматот Калашников е најраспространет и претставува автомат што најмасовно се произведува во светот. Тој не е пребирлив, не откажува, надежен е и е едноставен за користење и за ракување. Токму затоа отсуството на ова оружје во магацините во САД предизвика невидена побарувачка за него. 

Прва земја во светот која го произведува автоматот Калашников од третото поколение според официјалната лиценца на Русија е Венецуела. Изградбата на фабриките, а исто така и производството на калашникови во Венецуела се одвива во рамките на договорот склучен помеѓу оваа земја и Русија во 2009 година.

Russian Weapon Company се обидува да ги заобиколи санкциите кои се поставени за низа руски претпријатија од одбранбената индустрија и да се врати со овој производ на перспективниот пазар. 

Пазарот на оружје за стрелање е најголем во светот, на секој жител на САД отпаѓаат по три парчиња, вклучително и на бебињата. Затоа планираниот проект има добри перспективи, објаснува за „Руска реч на македонски“ специјалистот за трговија со оружје Вадим Козјулин. 

Сепак, доколку САД сакаат законски да ги произведуваат автоматите Калашников, компанијата Russian Weapon Company ќе биде принудена да купи лиценца за нивно производство, што во услови на санкции, под кои се наоѓа концернот Калашников, се чини дека е невозможно, вели експертот. 

Меѓу другото, првиот човек на Russian Weapon Company Мек Кросин не соопштува дали Russian Weapon Company има некаков договор во однос на производството на АЈ-47 со концернот Калашников. Тој изјави дека на компанијата ѝ е забрането да контактира со претставници на Калашников, објавува CNN Money. 

Бугарскиот Калашников во Америка 

Во концернот Калашников, пак, на изјавата на својот поранешен дилер изреагира спокојно: „Производите на концернот Калашников традиционално ја задржаа лидерската позиција на американскиот пазар. Воведувањето санкции значително го зголеми интересот за производите на концернот, така што ваквиот чекор од страна на компанијата Russian Weapon Company во моменталните услови ни изгледа сосема логично. Треба да се забележи дека овој проект уште еднаш ја покажува популарноста на легендарниот автомат Калашников“, се вели во соопштението на официјалниот сајт на концернот Калашников. 

Калашников го покорува цивилниот пазар
На изложбата Eurosatory 2014 концернот Калашников ги претставува најновите примероци стрелечко оружје.

Ваквата реакција на руската компанија е можеби предизвикана од тоа што во САД веќе постои производство на Калашников. Автоматите се произведуваат по бугарскиот патент од бугарски делови и од страна на бугарската фирма Арсенал. Патентот за производство на Калашников Бугарија своевремено не го има потврдено. „Притоа самите Бугари уверуваат дека тоа не е АК, туку негова модификација. Законскиот имател на правата не може да спори со овој факт“, заклучува Вадим Козјулин. 

Во многу земји постои незаконско производство на автоматот Калашников. Ова е поврзано со фактот што во времето на СССР на низа земји (особено на сојузниците) им била предадена лиценца за производство на автоматите. Рокот на важење на лиценците заврши, но производство продолжува, при што е невозможно да се пребројат пиратските копии. 

100% поклопување кај клоновите на калашниковот со оригиналот навистина не постои. Кај автоматот е доволно да се смени само еден детаљ и станува сосема друго оружје.

„Само 10% од калашниковите во целиот свет се од руско производство, - вели за 'Руска реч на македонски' Вадим козјулин. – Сепак, токму тие 10% се најквалитетните, и сите тоа го знаат“. 

Семејството на познатиот пронаоѓач негативно ја примија веста за отпочнување на производство на АК-47 во САД. Претседателот на фондот „М.Т. Калашников“, ќерката на конструкторот, Елена Калашникова, во интервју за руската новинска агенција Интерфакс изјави дека „доколку туѓи луѓе го користат она што не им припаѓа“, тоа може да се нарече кражба.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња