Американските воени стручњаци повторно дискутираа за перспективниот руски систем за противракетна одбрана С-500. Ако претходно ги вознемируваа импресивните карактеристики на системот, сега ги алармира недостатокот од нови информации во руските медиуми.
Во весникот „Национален Интерес“ е објавена голема статија на таа тема.
Авторот Марк Епископос почнува од тоа дека 2019 година судејќи според сѐ наговестува успеси за руските системи за противвоздушна одбрана.
Во блиска иднина новиот С-350 „Витјаз“, дополнителните бригади со С-300В4 и десетици други модернизирани системи на артилериската ПВО ќе влезат во оперативна употреба. Меѓутоа, новинарот се прашува зошто не може да се слушне ништо за системот С-500.
Потоа се наведуваат некои од неговите карактеристики, а пред сѐ способноста за користење антибалистички ракети на далечини до 600 километри. Тоа е за 200 километри повеќе од С-400.
Системот е исто така во состојба да пресретне до десет боеви глави кои летаат со брзина од 6,5 километри во секунда.
„С-500 е удар во американскиот престиж“, го цитира авторот главниот инженер на компанијата „Алмаз-Антеј“ Павел Созинов. „Нашиот систем ги неутрализира американските офанзивни оружја и ги надминува сите нашироко рекламирани противвоздухопловни и противракетни системи на Америка“.
Тука Марк Епископос повторно го поставува прашањето: зошто датумите за воведување на системот во оперативна употреба се неколку пати одложувани, а сега во медиумите темата за развојот на С-500 се премолчува?
Би можело да се претпостави дека се работи за технички проблеми, но постои и алтернативно објаснување. Проектот е, всушност, речиси завршен, но Русија не брза да го соопшти ова за да не го намали интересот на странските купувачи за пораниот систем С-400.
Како што ви е познато, овој систем ужива голем извозен успех.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче