Руски вицепремиер: С-500 „Прометеј“ наскоро влегува во фаза на практични испитувања

Слободан Ѓукиќ
Руската серија „ЕСови“ (се мисли на системите С-300, С-400 и С-500) според своите севкупни тактичко-технички карактеристики нема никаква конкуренција во светот, изјави Јуриј Борисов пред руските млади инженери – идниот „труст на мозоци“ кога е во прашање понатамошниот развој на врвна воена технологија.

Новиот ПВО и ПРО ракетен систем С-500 „Прометеј“ влегува во фаза на практични испитувања во многу близок временски период. Ова го изјави рускиот вицепремиер Јуриј Борисов кој истовремено е и врвен експерт во сферата на вооружувањето и воената техника, пренесува рускиот интернет портал ТВ „Ѕвезда“. Тој го изјави ова за време на одржувањето на церемонијата на врачување на награди на младите електронски инженери која го носи името на познатиот руски научник и воздухопловно-електронски инженер д-р Владимир  Ревунов, кој беше прв човек на компанијата ППО ЕВТ, дел од „Концернот Радиоелектронски технологии“ (КРЕТ).

„Нашите противвоздушни ракетни системи С-300, С-400 и С-500, кој токму сега е на излегување, поседуваат значително подобри тактичко-технички карактеристики во однос на својата конкуренција од странство, независно дали е тоа американскиот систем „Патриот“ или системите од француско или израелско производство“, рече Борисов.

Пошироката стручна публика смета дека С-500 „Прометеј“ ќе биде наменет за спротивставување на речиси сите летечки објекти и тоа во целокупниот дијапазон – од интерконтинентални балистички ракети чии боеви глави доаѓаат од вселената, па сѐ до авиобомби. Се верува дека С-500 ќе биде составен од два автономни потсистеми кои ќе бидат меѓусебно интегрирани. Едниот наменет за извршување на задачите кои ги имаат класичните ПВО системи, и вториот наменет за противракетна одбрана. Такви можности ќе му обезбеди посебниот комплет ракети кои се развиваат за овој систем. Една од нив ја носи ознаката 40Н6М, со хоризонтален дострел кој достигнува цели 600 км.

Се работи за ремек-дело на руските конструктори, за една исклучително потентна ракета која за 3 пати го надминува максималниот хоризонтален дострел на американскиот ПРО систем

THAAD.

Покрај споменатата ракета, за С-500 се предвидени уште два типа ракети - 77Н6-Н и 77Н6-Н1 – кои ги разви компанијата „Факел“, а кои спаѓаат во категоријата на антибалистички ракети, блиски според своите карактеристики на ракетата 53Т6 „Газела“, која е пак дел од класичниот ПРО систем А-135 „Амур“. Овие ракети развиваат исклучително голема брзина при својот лет и спаѓаат во најбрзите ракети од тој вид на светот.

За разлика од американскиот аналог THAAD, чија ракета лета со брзина од 1000 м/сек., ракетите истрелани од рускиот комплекс С-500 „Прометеј“ ќе достигнуваат брзини од цели 3600 м/с!

Благодарение на оваа брзина, руските ракети ќе можат да соборуваат минијатурни балистички цели чија брзина достигнува 7000 м/с, што е мисловна именка за американските системи за ПРО.

Новите типови на радари со активна фазна решетка кои ќе бидат дел од овој систем ќе овозможат откривање на балистички ракети на далечини до 2000 км (а оние со минимален радарски одраз ЕПР 0,1 м² на далечини до 1200 км).

Прочитајте повеќе: Американски експерти за рускиот С-500: „Прометеј“ ќе ни собори сѐ што сме направиле досега?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња