Објавенa првa видеоснимка од тајниот радар на системот за ПВО-ПРО С-500

Скриншот

Скриншот

Во информативната програма „Вести-Астрахањ“ на ТВ-каналот „Русија 1“ првпат се прикажани кадри од работата на радарот „Енисеј“ за откривање на цели на сите висини, а кој е дел од перспективниот систем за ПВО „Прометеј“.

Видеоприлогот е посветен на показните вежби на Воздушно-космичките сили на Русија. Над полигонот Ашулук вежбовни задачи извршуваа ловци-пресретнувачи МиГ-31БМ, лесни ловци МиГ-29, противвоздушни системи „Панцир“, С-300 и С-400, кои ги соборуваа ракетите во кои нишанеа. Вежбата ја следеа воени лица од Белорусија. Новинарката која беше присутна на овие маневри им укажа на гледачите на работата на радарот „Енисеј“ кој открива цели на сите висини (тој момент на снимката е на 1:56).

Податоците за радарот „Енисеј“ не се достапни затоа што тој е дел од перспективниот систем за ПВО-ПРО С-500 „Прометеј“, пишува весникот „Военое обозрение“. Може само да се претпостави дека радарската станица е направена врз база на 96Л6Е која ја применуваат системите С-300 и С-400.

Радарот има активна фазна решетка и се применува за откривање и следење на цели на сите висини, за препознавање на нивната припадност според принципот „свој– туѓ“, како и за одредување на приоритетни цели за кои се испраќаат координати до борбените средства. Целата таа работа радарот ја врши во автоматски режим. Тој препознава четири типови воздушни објекти: авиони, хеликоптери, беспилотни летала и ракети.

Карактеристика на системот за ПВО-ПРО С-500 е во тоа што тој има неколку специјализирани радари за откривање и следење на различни видови цели. Истата таква специјализација се применува и за ракетното вооружување: за балистичките ракети е предвиден посебен тип на ракета, за сателити друга, а за авиони трета.

С-500 „Прометеј“ е единствениот ПВО-систем на светот кој може да се спротивстави на хиперсонични цели. Во овој момент се тестираат основните компоненти на идниот систем.

Прочитајте повеќе: Вооружени до заби: Какво оружје Русија добива наредните 7 години?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња