Соборен рекордот: С-500 „Прометеј“ погоди воздушна цел на далечина од дури 480 км?

Полнење на противвоздушен систем С-400 „Триумф“ во текот на редовните маневри на авијацискиот полк во Московската област.

Полнење на противвоздушен систем С-400 „Триумф“ во текот на редовните маневри на авијацискиот полк во Московската област.

Григориј Сисоев/Sputnik
Според тврдењата на американските медиуми, Русија во тајност забрзано го тестира ракетниот систем за ПВО и ПРО С-500 „Прометеј“, кој наскоро треба да влезе во оперативното вооружување на руската армија. Супериорноста на овој систем е дефинитивно прикажана во пракса, каде во секое ново тестирање С-500 како од шега соборува стари рекорди кога е во прашање далечината на уништување на потенцијалната цел, делумно откривајќи ги своите можности кои не можат ни да се претпостават.

Според информациите на американскиот ТВ-канал Си-Ен-Би-Си, ракета лансирана од перспективниот руски систем за ПВО и ПРО С-500 успеала да пресретне воздушна цел на далечина од импресивни 481 километри, што е за дури 80 км повеќе во однос на претходниот тест. Утврдено е дека новиот повеќенаменски ракетен систем за ПВО и ПРО може успешно да води борба со сите типови воздушни цели на екстремно големи далечини.

„Русија потврди дека новиот противвоздушен ракетен систем С-500 е способен да пресретне воздушни цели кои летаат со хиперсонична брзина, потоа целокупниот спектар на воздухоплови и беспилотни летала, вклучувајќи ги и повеќенаменските борбени апарати од петта генерација F-22 и F-35“, наведува Си-Ен-Би-Си.

С-500 е нова генерација ракетни системи „земја-воздух“. Тој претставува универзален комплекс со голем дострел (како во далечина така и во висина) со сериозен потенцијал за водење на противракетна борба, каде може да пресретнува и балистички ракети. Покрај тоа, овој систем може да дејствува и против објекти кои се наоѓаат во поблиската вселена.  

Според Сергеј Козлов, исклучително ценет руски интелектуалец кој, меѓу другото, е и декан на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, ваквата „поплава“ од публикации во западните медиуми, кои во суперлативи зборуваат за новото руско вооружување, треба да се толкува како материјал за исклучително домашна, внатрешна употреба.

„За да се оправда дополнителното издвојување на буџетски средства за потребите на одбраната, ним им се потребни перманентни медиумски спинови кои креираат слика на потенцијален непријател. И тоа во таков контекст и треба да се гледа“, заклучува Козлов.

На Запад сѐ почесто се слушаат предупредувања кои се однесуваат на развојот на најновото руско вооружување. Тоа посебно ескалираше по обраќањето на претседателот на РФ Владимир Путин до пратениците на Федералното собрание на 1 март оваа година.

Во тој говор рускиот претседател истакна дека Русија остварила сериозен технолошки продор кон усвојувањето на ново оружје за стратешка и оперативно-тактичка намена, од кое практично нема одбрана. Паралелно со неговото обраќање одеше и видеоприказ на конкретните средства кои ги разви Русија, со нивните основни технички карактеристики кои можете да ги видите тука.

Прочитајте повеќе: „Непроценлив ресурс“: Странските медиуми за единствениот руски систем С-500

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња