Mедиуми: С-500 погоди цел на 500 км, а покрај ракети и сателити соборува и ловци од 5 генерација

Слободан Ѓукиќ
Американските медиуми ги објавија најновите сознанија кога е во прашање испитувањето на рускиот перспективен систем за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ кој успеа да погоди воздушна цел на далечина од околу 500 км.

„Новиот застрашувачки ракетен систем за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ повторно собори рекорд кога е во прашање ефективниот дострел“, наведува американскиот интернет портал „Национален Интерес“, пренесува рускиот сајт РГ.

Изданието напоменува дека новиот руски ракетен систем нема само способност на големи растојанија да уништува цели кои летаат исклучително високо (како што се балистичките ракети или сателитите), туку и подеднакво ефикасно да се бори со невидливи „стелт“ авиони вклучувајќи ги и американските F-22 и F-35. Иста информација неодамна објави и американскиот интернет портал Си-Ен-Би-Си во која го наведува следново: „Русија потврди дека новиот противвоздушен ракетен систем С-500 е способен да пресретне воздушни цели кои летаат со хиперсонична брзина, потоа целокупен спектар на воздухоплови и беспилотни летала,  вклучувајќи ги и повеќенаменските борбени апарати од петта генерација F-22 и F-35“.

 „Иако сѐ уште ги немаме видено сите можности кои може да ги прикаже перспективниот руски систем С-500, нема причина да не веруваме дека прокламираните перформанси се достижни“, се наведува во публикацијата.

Според воени извори од САД, Русија веќе го тестирала С-500 во „дијапазони кои претходно се сметаа за недостижни“. Така С-500 погоди воздушна цел која се наоѓаше на растојание од околу 300 милји (500 км), што е за 50 милји повеќе во однос на способноста на најдобрите аналогни системи.

„Фактите се напросто јасни: С-500 демонстрираше можности кои порано беа недостижни“, признава американскиот интернет сајт „Национален Интерес“. Понатаму, С-500 користи повеќе модели на ракети кои се различни по својата основна намена. Тие можат да уништуваат цели кои се движат со хиперсонични брзини, вклучувајќи и сателити во земјината орбита.

Според процените на овој американски сајт, С-500 е способен да собори цел на висина од околу 200 км, кој се движи во радиус од 600 км од неговата транспортно-лансирна единица. Системот истовремено може да пресретне до десет балистички ракети. Притоа С-500 може да биде составен дел до стандардниот систем за ПВО.

Прочитајте повеќе: Американски експерти за рускиот С-500: „Прометеј“ ќе ни собори сѐ што сме направиле досега?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња