Најавено скоро почнување на изградбата на прототиповите на новиот руски бомбардер „Пратеник“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во месеците кои доаѓаат авиоконструкторското биро „Туполев“ ќе почне развој на прототипови на перспективниот стратешки бомбардер „Пратеник“ (ПАК-ДА).

Извор од авиоиндустријата соопшти дека предавањето на „проектната документација на казањската фабрика“ е завршено, како и дека изградбата на прототипови „ќе започне наредниве месеци“, соопштува „Интерфакс“.

„Туполев“ почна да работи на перспективниот стратешки ракетоносец-бомбардер по договорот со Министерството за одбрана на РФ од 2009 година. Проектот носи кодно име „Пратеник“.

ПАК-ДА је супсоничен млазњак направен по шема на „летечко крило“ која имплементира тнр. „стелт“ технологија. Тој ќе го замени целиот инвентар стратешки авиони како што се Ту-22, Ту-95 и Ту-160, благодарение на големиот арсенал високопрецизно вооружување.

Детали за проектот ПАК-ДА во јавноста се појавија во февруари 2018.

Претходно, во април 2017, Министерството за одбрана на Руската Федерација го најави првиот лет на ПАК-ДА за периодот 2025-2026. Почетокот на сериското производство на ПАК-ДА е планиран за периодот 2028-2029.

Прочитајте повеќе: Најскапото руско оружје на иднината