Бомбардерите ПАК ДА ќе започнат да се произведуваат сериски во 2021-2022 година

Главниот командант на Воено-воздушните сили на Русија, Виктор Бондарев, изјави дека перспективниот авиокомплекс со голем радиус на лет (ПАК ДА) ќе започне со сериско производство во 2021-2022 година, соопштува ИТАР-ТАСС.

„Сметам дека во оваа деценија ќе ги добиеме првите примероци, а понатаму следи сериското производство во 2021-2022 година“, изјави Бондарев.

Според неговите зборови, планирано е да се премине на користење на овој вид бомбардер, заменувајќи ги застарените Ту-95 и Ту-160.

„Ракетите во нив ќе имаат сопствен интелект - тие самите ќе ја анализираат средината и радиолокациската ситуација, сами ќе донесат решение на која висина, со која брзина и во кој правец ќе летаат. Веќе имаме такви ракети. Ние ги усовршуваме“, подвлече Бондарев, зборувајќи за борбените карактеристики на ПАК ДА: 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња