„Место атмосфера на политичко позирање“ важно е да се познаваат основните карактеристики на руските ракетоносци. Годината на производство во ниту еден случај не е доказ дека некој авион е зрел за старо железо, потсетува „Национален Интерес“ и напоменува дека американските ловци F-16 се десет години постари од Ту-160, а тие и понатаму се наоѓаат во борбен строј. Американското воено воздухопловсто не ни помислува да ја пензионира флотата ловци F-16, затоа што со современите пакети на модернизација овие авиони можат да останат во служба уште најмалку две децении, поточно сѐ до 2040 година.
Експертите на изданието напоменуваат дека стратешките бомбардери како што е Ту-160 не се должни да ги следат последните достигнувања на воздухопловната технологија за да ги извршат своите основни задачи за кои се наменети. Дека тие и понатаму претставуваат многу опасно и ефикасно оружје најдобро потврди Сирија, каде овие авиони ја прикажаа способноста да го достават својот разорен убоен потенцијал од големи растојанија.
Американскиот интернет-портал исто така пишува дека Русија планира да ја модернизира својата флота ракетоносци Ту-160. Оваа верзија ќе ја носи ознаката Ту-160М2 и ќе се карактеризира со современ авионика и подобрени мотори. Целиот пакет ќе обезбеди примена на овие врвни летала во наредните децении.
Неодамна изјавата на амбасадорот на САД во Колумбија ја коментираше официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков. Тој напомена дека според параметрите за брзина, носивоста на убоен товар, максималниот долет и степенот на недопирливост за средствата на противничката противвоздушна одбрана Ту-160 нема адекватна конкуренција во светот, вклучувајќи ги и САД. По модернизацијата на овој авион на стандардот Ту-160М2, овој бомбардер за повеќето свои конкуренти ќе биде практично недостижен.
Неодамна Венецуела ја посетија два стратешки ракетоносци, тежок воено-транспортен авион Ан-124 „Руслан“ и патнички авион Ил-62. Во текот на оваа посета покрај меѓусебното запознавање и размена на искуство беше реализирана и заедничка воена вежба над акваторијата на Карипското море, каде беа увежбувани елементи на тактичко содејство. Оваа мисија на руските авиони беше многу негативно проследена во Вашингтон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче