„Овие бродови се идеални за задачи во борбата против пиратите, а исто така можат да ја зголемат и борбената способност на руската воена морнарица во целина“, изјави првиот човек на руската Воена морнарица Владимир Корољов.
Патролниот брод од класата 22160 „Василиј Биков“ е изграден во Зеленодолскиот бродоградежен завод во Татарстан. Се работи за модуларна пловна конструкција, наменета за обезбедување на територијалните води во подалечната морска зона, на далечини и до 200 наутички милји од брегот.
Корпусот на бродот е заштитен со оклоп отпорен на стрелечко оружје. Вкупниот депласман на бродот е 1500 тони.
Неговото основно вооружување се состои од артилериски модул 1 × 76 мм АУ АК-176МА и осум противввоздушни ракети со краток дострел „Игла“. Тука се наоѓаат уште и неколку митралези. Меѓутоа, поради модуларноста на самата конструкција тој може на својата палуба да носи хеликоптер со маса до 12 тони(Ка-27, Ка-29, Ка-52К) или 2-4 беспилотни летала, или како опција и крстосувачки ракети „Калибар“ со дострел од неколку илјади километри, кои се наоѓаат во универзални ракетни лансери кои можат да се вклопат во неговиот труп.