Видео: Корвета на Балтичката флота изведе гаѓање од „Редут“

Корветата на Балтичката флота на руската Воена морнарица „Сообразитељни“ изведе планирано ракетирање на море во склоп на вежбите за противвоздушна одбрана.

Програмата за вежби со боеви гаѓања во Балтичкото море опфаќаше и практични гаѓања со вертикалните поморски ракетни системи за противвоздушна одбрана „Редут“. Како што соопшти прес-службата на Западниот воен округ, екипажот на бродот успешно ги погодил сите брзи, нисколетечки воздушни мети.

Вежбовните мети во вид на ракети беа лансирани од малиот ракетен брод „Пасат“ и други придружни ракетни пловила од балтичката воено-поморска база. Поморскиот полигон на Балтичката флота на кој се одржа вежбата беше прогласен за „привремено опасен“ за цивилни пловила и авиони. Безбедноста во текот на вежбата ја одржуваше група од 12 бродови и пловила за поддршка.

Корветата „Сообразитељни“ е втора корвета од проектот 20380, испорачана на Балтичката флота во октомври 2011 година. Водечки брод од оваа класа е корветата „Стерегушчи“, која влезе во состав на Балтичката флота 2007 година.

Бродовите од оваа класа се фундаментално нови според своите тактичко-технички карактеристики и борбени својства. Меѓу нивните главни предности се мултифункционалноста, компактноста, „стелтноста“ (намалена радарска рефлексија, т.е. „невидливост“ за радарите), високото ниво на автоматизација и интеграција на контролните системи. Депласманот на пловилата изнесува 2000 тони, должината е преку 100 метри, а максималната брзина изнесува 27 јазли. Може да помине 4000 милји (6437 км) без да дополни гориво.

Погледнете го и ова видео: Новата руска корвета „Громки“ ја уништува својата прва надводна цел со ракета „Уран“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња