Видео: Новата руска корвета „Громки“ ја уништува својата прва надводна цел со ракета „Уран“

Слободан Ѓукиќ
„Стелтната“ корвета од проектот 20380 успешно уништи имитација на брод која енергично маневрираше на далечина од 40 км. Целата операција е изведена во акваторијата на Јапонскоте море.

„Ракетата успешно ја уништи површинската цел која енергично маневрираше на далечина од 40 километри од местото на нејзиното лансирање“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на РФ. Во текстот се напоменува дека „Громки“ при крајот на годината влезе во состав на Тихоокеанската флота. Во овој момент пловилото ги изведува своите финални испитувања во Јапонското море.

„Громки“ е втората изградена корвета од класата 20380 која е специјално комплетирана за пополнување на единиците на Тихоокеанската флота во рамките на Државната програма за опремување на руската армија. Првиот брод од овој тип го носи името „Совершени“ и тој исто така влезе во состав на Тихоокеанската флота кон средината на минатата година.

Основната намена на овие корвети е ефективна контрола на крајбрежниот појас и заштита на водното пространство од непријателски пловила. Се користи за заштита на поважни воено-поморски пристаништа, крајбрежни градови, воена и цивилна инфраструктура, како и за одбрана на сензитивни зони од евентуален поморски десант на непријателот.

Проектот на корветата 20380 претставува разработка на Централното поморско конструкторско биро „Алмаз“. Должината на овој брод е 104,5 метри, ширината 13 метри, а депласманот 2200 тони. Максималната брзина на бродот изнесува 27 јазли, може да помине 4000 милји. Екипажот се состои од 100 луѓе.

Најголемата сила на овој брод се противбродските супсонични ракети

Х-35 „Уран“ кои можат да погодат површинска цел на далечина од 260 км. Х-35 е руска противбродска ракета, наменета за борба против различни површински бродови кои достигнуваат депласман до 5000 тони. Ја движи турбо-млазен мотор ТРДД-50 со потисок од 450 кгс, што е сосем доволно да се обезбеди дозвучна брзина на летање до 0,85М. Се наведуваат со помош на активна радарска глава за самонаведување АРГС-35 (систем истрелај и заборави). Постои и извозна верзија на овој комплекс опремена со ракети Х-35УЭ.

Покрај комплексот, тука се и артилериските орудија А-190 со калибар 100 мм, како и ротациските ПА топови АК-630 со кал. 30 мм. Окосницата на ПВО ја сочинува ракетниот систем „Редут“, додека за непријателските подморници е задолжен ракетниот систем „Пакет-НК“. Една од најголемите предности на бродот е и малата радарска забележливост во однос на истата класа бродови, така што може да се нарече и „невидлив“.

Прочитајте повеќе: Ракетната корвета „Громки“ наскоро влегува во вооружувањето на руската флота

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња