„Блумберг“: Турција ѝ нудела на Америка да ги проучи руските системи С-400

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Турските власти ѝ понудиле на американската страна да ги проучи системите С-400 откако таа ќе ги набави од Русија.

Ова го објави агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори.

Се наведува дека Анкара била подготвена на овој чекор за да ја реши конфликтната ситуација која настана во односите со Вашингтон поради турската одлука за набавка на руските системи С-400.

Претходно претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека исплатата на руските противвоздушни системи С-400 треба да биде извршена во националните валути.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“