На Путиновата годишна конференција за новинарите беше допрена темата на стравувањето од тоа дека може да избие нуклеарна војна меѓу Русија и САД, а претседателот го запрашаа со кои зборови би можел да ги утеши сонародниците дека до таква војна нема да дојде.
„Во светот ја ставаат под тепих опасноста дека такво сценарио може да се оствари“, рече рускиот претседател. „И тоа не е добро, затоа што може да доведе до загинување на целата цивилизација и дури и на планетата“, истакна Путин и додаде дека сме сведоци на распаѓањето на системот за контрола на вооружувањето.
Путин потсети дека Русија морала да го модернизира своето оружје бидејќи САД се повлекоа од договорот за противракетната одбрана. А како резултат на тоа, Русија стекнала предност.
„Сега САД се повлекуваат од договорот за РСМД (за ликвидација на балистичките ракети со мал и среден дострел). Ако. Но подоцна да не кукаат затоа што повторно стекнавме предност“, изјави рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче