Горбачов и Реган го потпишуваат Договорот за ликвидација на балистичките ракети со мал и среден дострел. Вашингтон, 8. 12. 1987.
XinhuaНа колегиумот на Министерството за одбрана на РФ Путин потсети дека со тој договор се ликвидирани ракетите со дострел од 500 до 5000 км.
„Договорот значеше ликвидација на ракетите со копнено базирање, а Советскиот Сојуз во тоа време не ни имаше други ракети, додека Соединетите Американски Држави имаа ракети со поморско и воздушно базирање. Ние немавме! Затоа од гледна точка на Советскиот Сојуз тоа беше еднострано разоружување“, рече Путин.
Рускиот претседател истакна дека не може да сфати зошто раководството на СССР се согласило на таков договор.
„Но тоа е сторено, а нашите партнери продолжија да ги развиваат ракетните системи – повторувам – со поморско и воздушно базирање“, рече Путин.
Путин претходно на колегиумот зборуваше дека повлекувањето на САД од Договорот за ликвидација на балистичките ракети со мал и среден дострел може да доведе до рушење на целиот систем за контрола на вооружувањето и неширење на оружјето за масовно уништување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче