Трамп повикува на повлекување на САД од РСМД – Но, зошто всушност беше потпишан тој?

Getty Images
Пред нешто повеќе од 30 години, Роналд Реган и Михаил Горбачов се согласија дека САД и СССР ќе уништат цела класа нуклеарно оружје за да спречат разурнувачки воен конфликт во Европа. Сега, САД може да го раскине овој договор.

Претседателот Доналд Трамп на 21 октомври изјави дека САД планираат да се повлечат од Договорот за ликвидација на ракети од мал и среден дострел (РСМД), кој претставува договор за разоружување потпишан во 1987 година од страна на американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.

„Ние ќе го прекинеме договорот и ќе се повлечеме“, изјави Трамп на новинарите за време на митингот во Невада.

Додека политичките аналитичари разговараат за можните последици, важно е да се разбере што значи оригиналниот договор. Патот до РСМД не беше лесен – Европа беше на работ на нуклеарна војна. За да ја разбереме важноста на договорот, мора да одговориме на неколку прашања.

1. Што всушност претставува договорот за ракети во осумдесеттите години од минатиот век?

Во 1977 година, како дел од плановите за модернизација на својот арсенал, СССР откри нова ракета која ќе биде распоредена во Источна Европа - СС-20 Сабре со среден дострел. Ова беше шокантна вест за Западна Европа: трите 150-килонски нуклеарни боеви глави не беа регулирани со постојните договори за вооружување, и можеше да погоди кој било град во Западна Европа, уривајќи ги пред да можат да реагираат НАТО или САД.

2. А, што е проектил со среден дострел?

Според меѓународната класификација, оваа категорија нуклеарни сили вклучува нуклеарни проектили со опсег од 500-1.000 километри (краток дострел) и од 1.000 до 5.500 км (среден дострел). Таквите проектили можат да ги постигнат своите цели побрзо од интерконтиненталните балистички проектили, а што е најважно, нивниот релативно краток опсег значи дека тие не биле опфатени со Договорот за ограничување на стратешкото оружје од 1972 година.

3. Зошто СССР ја загрози Европа?

Целта беше да се заменат старите ракети СС-4 и СС-5 со СС-20 и да се гарантира советската супериорност во Европа. Сепак, таквиот чекор придонесе за брзо влошување на односите со Западот.

„И Западот и Кина беа сериозно загрижени за распоредувањето на тоа оружје“, пишува историчарот Алексеј Богатуров. „Се сметаше за доказ дека Советите се подготвуваат за ограничена нуклеарна војна“.

Западна Европа се чувствуваше најранлива: можниот масовен советски удар би можел да ја избрише целата европска воена инфраструктура пред нивните американски сојузници да реагираат.

4. Каква беше реакцијата на Западот?

САД, како лидер на НАТО, дејствуваа одлучно. Во 1983 година беа распоредени нови американски ракети: Першинг II во Западна Германија и неколку други крстосувачки ракети во земјата, како и во Белгија, Италија, Холандија и Велика Британија. Овие проектили можеа да погодат цели во повеќето области на Европа под контрола на Советскиот Сојуз.

5. Што се случи следно?

И советските и западните политичари сфатија дека намалувањето на тензиите е императив: Европа беше како буре барут подготвено да експлодира. Неколку рунди разговори беа неуспешни, во најголем дел бидејќи тројца советски лидери – Леонид Брежнев, Јури Андропов и Константин Черненко – починаа додека траеја преговорите. Конечно во 1987 година, Михаил Горбачов и Роналд Реган постигнаа договор и потпишаа договор.

РСМД ги обврза и САД и СССР да ги уништат сите проектили со краток и среден домет (оние со опсег од 500 до 5.500 километри). Исто така, Москва требаше да ги уништи ракетите не само во Европа, ами и во Азија.

Двете страни ги исполнија условите на договорот, со тоа што СССР уништи 1.846 ракетни системи, а САД 846, што беше сè што имаа.

„Тоа беше важен чекор: за прв пат во историјата, двете страни успеаја да се согласат да уништат цела класа на сосема ново, високоефикасно оружје, што навистина ја подобри ситуацијата во Европа и на Далечниот Исток“, вели Алексеј Богатуров.

РСМД стана пресвртница во ставањето крај на Студената војна, смирувајќи ги меѓународните односи и го направија светот подобар. Сега, тоа достигнување може да тргне наназад.

Прочитајте исто така: Како Русија планира да реагира на нуклеарен напад за само 30 минути

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња