Горбачов одговори на обвинувањето: „Путин веројатно е погрешно информиран“

Горбачов и Путин, 2006.

Горбачов и Путин, 2006.

imago stock&people
Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов во интервју за РИА „Новости“ ги демантираше тврдењата на шефот на руската држава Владимир Путин дека Советскиот Сојуз во 1987 година во рамките на Договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел фактички се согласил на еднострано разоружување.

Горбачов изрази мислење дека Путин е веројатно погрешно информиран. „Никакво еднострано разоружување немаше. Согласно Договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел беа уништени стотици ракети, како советски, така и американски“, изјави Горбачов.

Поранешниот советски претседател на изјавата на Путин дека договорот не предвидува ликвидација на ракетите со поморско и воздушно базирање одговори дека таквото оружје влегувало во Договорот за намалување на стратешкото офанзивно вооружување (потпишан во јули 1991 година). Горбачов исто така нагласи дека сите одлуки за разоружувањето внимателно ги разгледало високото воено раководство на СССР.

Владимир Путин на 18 декември на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека Договорот за нуклеарните сили бил еднострано разоружување на Советскиот Сојуз. Зошто советското раководство го направило тој чекор „само Господ знае“, рече рускиот претседател.

Договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел, кој во 1987 година го потпишаа Михаил Горбачов и Роналд Реган, забранува поседување балистички ракети со копнено базирање со дострел од 500 до 5,5 илјади километри. СССР според овој договор во рок од три години уништи 1846 ракетни комплекси, додека САД во истиот период ликвидираа 846.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња