Руските торпеда „Посејдон“ и ракетите „Сармат“ се во состојба да ги уништат Соединетите Американски Држави, со што ја прават нуклеарната војна бесмислена, и на тој начин парадоксално ги спасуваат и Американците од загинување, напиша Константин Сивков, претседател на Академијата за геополитички прашаа во статија за „Воено-индустриски курир“.
Според мислењето на експертот, навистина е пацифистички да се направи оружје кое го запира агресорот уште „во стадиумот на идеја“.
„Таквото оружје ги спасува животите на сите луѓе во земјите кои би можеле да бидат учеснички во Третата светска војна, вклучувајќи ги и оние од Запад“, рече тој.
Сивков исто така истакна дека намерата на Вашингтон да се повлече од Договорот за контрола на нуклеарното вооружување (INF/РСМД) покажува дека САД се подготвуваат за нуклеарна војна.
Неодамна шефот на Стејт департментот Мајк Помпео ѝ изнесе ултиматум на Москва според кој „Русија мора во рок од два месеца да се врати на исполнување на договорот INF/РСМД, инаку САД ќе го суспендираат своето учество во истиот“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров приговори на тоа, истакнувајќи дека Москва строго го почитувала договорот и дека Вашингтон е свесен за тоа.
Претходно Доналд Трамп соопшти дека САД имаат намера да се повлечат од овој договор склучен уште 1987 година затоа што, како што рече тој, Русија го „крши“ договорот. Руското Министерство за надворешни работи одговори дека САД во воените бази во Романија и Полска поставиле копнени инсталации за лансирање на крстосувачки ракети како што се „Томахавк“, што е забрането со наведениот договор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче