Се појавија првите фотографии од влечната хаубица „Коалиција“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русите прават моќен топ-хаубица Д-400. Тоа е влечна верзија на најновата самоодна хаубица 2С35 „Коалиција-СВ“.

Фотографија на новото оружје се појави на каналот на Алексеј Хлопотов „Gur Khan attacks!“ на сервисот „Јандекс.Зен“.

Како што објаснува авторот, истражувањата се вршат во Екатеринбург. Според неговото мислење, на лафетот е судејќи според сѐ поставен дек од самоодната хаубица Д-20.

Доколку е така, тогаш се работи за таканаречената „полигонска“ варијанта и не е исклучено конечната варијанта да биде мошне поразлична.

Авторот на каналот со скепса зборува за потребата од создавање нови тешки влечни орудија и смета дека треба да им се даде предност на лесните и помобилни системи.

Од друга страна, влечните орудија од различни типови кои ги поседува регуларната армија на Сирија добро се покажаа во борбите против терористите. Покрај тоа, таквото оружје беше интензивно користено во вооружените судири во Авганистан, Ирак и Јемен. Очигледно никој нема намера да се откаже од влечните топови и хаубици, и покрај значителниот развој на самоодните артилериски орудија.

Самоодното артилериско орудие „Коалиција-СВ“ има калибар од 152 милиметри, дострел од 70 километри, во минута може да истрела повеќе од 11 фугасно-распрскувачки и наведувани проектили, има автоматизиран систем за избор на цел и комплет од 70 проектили.

Прочитајте повеќе за „Коалиција СВ“: „Божицата на војната“ во акција