„Коалиција СВ“: „Божицата на војната“ во акција

Виталиј В. Кузмин
Во едноминутната видео снимка подготвена од телевизијата „Ѕвезда“ се претставени единствените карактеристики на самоодната хаубица која е во состојба да уништува тактички нуклеарни средства, минофрлачки и артилериски батерии, оклопна техника, жива сила, објект на ПВО и ПРО во длабочината на непријателската одбрана.

Максималниот дострел на орудието со калибар 152,4 мм „Коалиција СВ“ кое во видеото се нарекува „божица на војната“ изнесува 70 километри. Хаубицата може да истрела повеќе од 10 фугасно-распрскувачки проектили и наведувани проектили во минута.

„Коалиција“ има автоматизиран систем за избирање на целта, а времето на полнење до максималната носивост на муницијата (70 проектили) изнесува помалку од 15 минути. Хаубицата 2С35 „Коалиција“ беше првпат претставена во јавност на Парадата на Победата 2015 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња