Зошто проектот „Сокол-Ешелон“ создава голема загриженост во САД?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Силата на ласерскиот сноп што ќе ја емитира 1ЛК222 ќе може да ја прогори оплатата на авионите, сателитите и балистичките ракети на големи растојанија и висини. Благодарение на своите димензии овој ласер ќе може да носи воено-транспортниот авион Ил-76, чија модернизирана верзија се планира како основна летечка платформа за новото орудие.

Русија планира за борба против непријателските сателити да го користи системот на ласерско оружје 1ЛК222, кој ќе биде монтиран на воено-транспортниот авион Ил-76, изјави за информативниот портал „Ѕвезда“ воениот аналитичар Михаил Тимошенко.

 „Развојот на овој систем сѐ уште не е завршен. Меѓутоа, самата помисла на него веќе сериозно ги загрижи Американците, кои се уплашени за безбедноста на својот вселенски борбен ешалон. Можно е тие на овој начин да се обидуваат да го префрлат фокусот на вниманието врз излегувањето од Договорот за ликвидирање на ракетите со среден и краток дострел со цел создавање временски вакуум за пронаоѓање ефикасни контрамерки“, изјави експертот.

На сајтот militaryrussia.ru е објавена информација за опитно-конструкторскиот проект под име „Сокол-Ешелон“ кој има за цел да направи експериментална верзија на ласерскиот комплекс 1ЛК222, чија сила на ласерскиот сноп може да ја прогори оплатата на авионите, сателитите и балистичките ракети. Овој проект со паузи стартуваше 2005 година под раководство на компанијата „Алмаз-Антеј“, за да биде обновен во ноември 2012 година. Летачката платформа која ќе го носи контејнерот со 1ЛК222 ќе биде лабораторија направена врз база на воено-транспортниот авион Ил-76МД.

Прочитајте повеќе: Борбените ласери „Пересвет“ стапија на експериментално борбено дежурство (ВИДЕО)