Рускиот ловец од петта генерација во своето вооружување ќе има хиперсонична ракета со карактеристики слични на ракетата „Кинжал“. Плановите за нејзино производство и усвојување се наоѓаат во рамките на Државната програма за вооружување на руската армија за периодот 2018-2027 година. Ова на информативната куќа ТАСС ѝ го пренесе неименуван извор од една од авиоконструкторските компании.
„Во склоп на тековната Државна програма за опремување на руската армија во наредната деценија во план е да се опремат со хиперсонични ракети ловците од петтата генерација Су57. Авионот ќе добие ракета со карактеристики кои се слични на „Кинжал“, но за разлика од неа, ќе има помали габарити, т.е. ќе може да се смести во внатрешните спремници“, рече неименуваниот извор. Тој не прецизираше какви летечко-технички карактеристики ќе има оваа ракета, ниту кога би можела да се види во вооружувањето на руската армија.
Во овој момент во состав на Воздушно-космичките сили на РФ во фаза на експериментално-борбено дежурство се наоѓаат специјално модернизирани ловци-пресретнувачи МиГ-31К кои се оспособени да ги користат хиперсоничните ракети од класата „воздух-земја/воздух-море“ „Кинжал“. Овој авион е идеална платформа за нејзината употреба, бидејќи ракетата бара исклучително голема брзина на лет пред стартот на нејзиниот мотор на цврсто гориво, кој ѝ овозможува да достигне брзина 10 пати поголема од брзината на звукот. И покрај толку големите брзински перформанси, ракетата има способност за маневрирање што ја прави практично незапирлива за современите, но и перспективни средства за ПВО и ПРО. Нејзиниот ефективен дострел во идеални услови на лансирање е до 2000 км.
Ракетата „Кинжал“ според голем број извори е направена врз база на аеробалистичката ракета која се наоѓа во вооружувањето на оперативно-тактикчкиот комплекс од класата „земја-земја“ „Искандер-М“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче