„Во перспектива можеме дефинитивно да очекуваме дека оружјето кое ќе ја обележи наредната деценија ќе стане составен дел од ловецот од петтата генерација Су-57. Сѐ ќе биде во свое време, па така и на него ќе биде применето хиперсонично вооружување“, ги пренесува неговите зборови интернет порталот Взгљад.
Досега со рускиот хиперсоничен ракетен комплекс од класата „воздух-воздух“ и „воздух-море“ „Кинжал“ е вооружен само ловецот-пресретнувач МиГ-31К. Со својот максимален дострел од 2000 км и брзината на летање кој достигнува 10000 км/час, оваа ракета е практично невозможно да се пресретне со постојните системи за ПВО/ПРО.
Во САД признаа дека оваа ракета е многу сериозна опасност за потенцијалните противници на Москва. Во британските медиуми по руските најави дека ловецот од петтата генерација Су-57 ќе биде опремен со хиперсонични ракети овој авион беше наречен летало кое се подготвува за Трета светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче