Можат само да му завидуваат: Ка-52 стана прва ѕвезда на саемот на вооружување во Египет

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Борбениот хеликоптер од руско производство Ка-52 стана еден од централните експонати на првиот саем на вооружување и воена опрема што се одржува во Египет - EDEX 2018. Карактеристиката на овој саем е таква што странските компании се обидоа да организираат валкана кампања со цел дискредитација на руското современо вооружување.

Ударниот хеликоптер офарбан во пустински бои беше демонстриран на отворениот дел на манифестацијата EDEХ-2018, каде привлече голем интерес како кај специјалистите, така и кај обичните посетители.

К-52 во египетската верзија е опремен со нова оптоелектронска сензорика. Со помош на оваа опрема екипажот на хеликоптерот доби напредни можности без оглед на добата на денот (ден/ноќ) да открива и се бори против различни цели кои се наоѓаат на копно, но и на море и во воздух. За вакви задачи е предвидена интеграција на ново високопрецизно ракетно вооружување.

Во арсеналот на рускиот „летечки тенк“ исто така влегуваат и ненаведувани ракетни зрна и фугасни авиобомби, како и автоматски топ со калибар 30 мм.

Хеликоптерот може да развие брзина поголема од 300 км/час. Неговата горна граница на летање е 5500 м. Долетот со полн резервоар гориво е 1100 км.

Во рамките на подготовките за воениот саем EDEX 2018 странските конкуренти се обидоа да организираат информативна операција со цел дискредитација на руското вооружување и воена опрема. Изнесуваа лаги за технички проблеми кај хеликоптерот Ка-52 кои се јавуваат при негова употреба во пустински услови и при висока температура. Меѓутоа, љубезните домаќини ги демантираа сите овие информации нарекувајќи ги бесмислени инсинуации, бидејќи  хеликоптерите добија специјална модификација за дејства во услови какви што се карактеристични за Египет.

Погледнете повеќе: Ка-52 Алигатор