Фабриката за авиони во Арсенево (Приморски крај) подготви за испорака на армијата нова партија јуришно-извидувачки хеликоптери Ка-52 „Алигатор”. Во склад со програмата за набавка на вооружување Министерството за одбрана на Русија ќе добие осум борбени летала, соопшти ТВ-канал „Ѕвезда”.
Хеликоптерот Ка-52 е предвиден за уништување на тенкови и останата оклопна техника, жива сила, хеликоптери и други летала на првата линија и во позадина на фронтот, во дневни и ноќни услови. Благодарение на системот со двоен ротор (носечките ротори се вртат во спротивен правец во однос еден спрема друг) оваа машина има ненадминати маневарско можности и во воздух прави свртувања кои другите хеликоптери не можат да ги направат.
Главното оружје на „Алигаторот” се наведуваните противтенковски ракети „Штурм” и „Вихр”, а успешно на овој хеликоптер се тестирани и ракети „Хермес” со дострел од 100 км. Ка-52 има шест носачи на надворешната суспензија на кои може да носи 2800 кг оружје. Исто така, има и топ со калибар 30 мм со променлива брзина на огнот, а со него одат и 460 проектили. Пилотот го насочува топот со вртење на главата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче