Ка-52 Алигатор

Ви ја претставуваме руската гордост - Ка52 Алигатор.


Ka-52 е борбен руски хеликоптер, наречен уште и „Алигатор“, а во класификацијата на НАТО е познат како Hokum B. Дизајниран е за ноќни и дневни акции, во сите временски услови, за уништување на оклопни и не-оклопни цели на земја, на спори цели во воздух, како и на жива сила.
Овој модел, всушност е надградување и развивање на моделот Ка-50 или попознат како „Црна ајкула“. Значајната разлика, меѓу другото, е во членовите на посадата - Алигаторот има 2 члена, за разлика од Ка-50, кој беше со едночлен екипаж.
Првиот пробен лет на прототип од моделот Ка-52, беше уште во 1997 година. Во 2008 на аеродромот на авио-фабриката „Прогресс“ се случи првиот тест-лет, а кон крајот на истата година започна и сериското производство. Во 2011 Алигаторот официјално влезе во составот на руското воздухопловство.
Ка-52 е опремен со многу повеќе електронски системи, меѓу другото и со систем за смалување на видливоста, со систем за радиоелектронска заштита, и со системи за активна заштита. Катапултот овозможува исфрлање на екипажот во сите режими на летање, со било која брзина или дијапазон на летање, како и на било која висина. Ка-52 е снабден со подвижен пушкомитралезен систем 2А42, ПТУР «Виор» со ласерски систем за наведување и друг вид оружје со општа маса до 2 000 кг.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња