„Афар“ радар и ракети со поголем дострел: Догодина завршното тестирање на системот „Панцир-СМ-СВ“

Олга Соколова/Russian Look/Global Look Press
Воeно-индустрискиoт комплекс во наредната 2019 година ќе го тестира новиот „Панцир“. Ќе се одликува со посовршен радар но и нови ракети кои ќе мораат да ги испратат неговите зголемени карактеристики.

Државното тестирање на перспективниот хибриден ракетно-топовски систем „Панцир-СМ-СВ“ почнува наредната 2019 година. Ова може да се прочита на сајтот за државни набавки, пренесува интернет сајтот Бог-рата.

Во склад со овие податоци наредната 2019 година е во план завршување на фазата на фабрички испитувања.

Веднаш потоа стартува почетокот на подготовките за главните државни тестирања, по што следува сериското производство.

Од материјалот исто така може да се дознае дека „Панцир-СМ-СВ“ ќе добие радар со активна фазна решетка (АФАР) кој има зголемени способности за детекција.

Како што уште во 2016 година соопшти началникот на ПВО во рамките на Копнената војска генерал Алексеј Леонов, „Панцир-СМ-СВ“ ќе биде интервидовски систем кој подеднакво ќе го користат копнените единици, потоа единиците за крајбрежна одбрана и ВДВ. Според него, новиот систем ќе има „значително поголеми тактичко-технички карактеристики во однос на претходните верзии на „Панцир“.

Неодамна заменик-директорот на холдингот „Високопрецизни системи“ Сергеј Михајлов истакна дека новиот „Панцир“ ќе биде специјално унапреден за борба против беспилотни летала. Според него, новиот систем „Панцир-С1М“ ќе има зголемена зона на уништување на целта (до 30 км во далечина). Тогаш беше кажано дека верзијата на ПВО системот „Панцир-С1М“ ќе ја заврши фазата на државните тестирања до крајот на 2019 година.

Руското Министерство за одбрана објави податок дека само оваа година на просторот на Сирија се извршени најмалку 10 терористички напади со употреба на беспилотни летала.

Информациите со кои располага ова министерство се такви што огромното мнозинство од овие напади е неутрализирано благодарение на системите „Панцир-С1“.

Овие системи непосредно ја обезбедуваат воздухоплопвната база „Хмејмим“.

Противвоздушниот хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел „Панцир С1” е наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напади со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите метео услови без оглед на добата на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност системот може да се употреби и против копнени и надводни цели.

Неодамна беше соопштено на руското Министерство за одбрана дека фабричката верзија на модернизираниот систем „Панцир-СМ“ ќе биде комплетирана до крајот на 2018 година.

Оваа верзија на коплексот ќе се одликува со ракети кои ќе имаат практично двојно поголем дострел од постојната верзија на системот.

Процените се дека новиот „Панцир-СМ“ ќе биде оспособен да уништува летечки објекти на далечина и до 40 км. Ова ќе го стави во категоријата на ПА-системи кои освен мал, можат да покриваат и среден дострел. Исто така се смета и на интеграција на нов радар со фазна антенска решетка со зголемени борбени способности.

Извор од рускиот воено-индустриски комплекс исто така истакна дека ракетните конструктори развиваат специјална ракета за перспективните верзии на „Панцир“. Се работи за ракета која ќе има хоризонтален дострел од најмалку 60 км. Ќе се одликува со исклучителна брзина на летање која ќе биде во зоната на хиперсоничност.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња