„Триумф“ и „Панцир“ на Крим уништија „непријателски“ ракети (ВИДЕО)

Сергеј Малгавко/Sputnik

Пресметките на системите „Триумф“ и „Панцир“ изведени во текот на воените вежби на Крим завршија со уништување на крстосувачките ракети на хипотетичкиот непријател, им соопшти на новинарите началникот на информационата служба на Црноморската флота, капетан втора класа Алексеј Руљов.

„Борбените пресметки на ракетните ПВО-системи С-400 „Триумф“ и ракетно-артилериските ПВО-системи „Панцир“ од составот на единиците на Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана на Јужниот воен округ беа извршени во склоп на вежбата за пронаоѓање и уништување на воздушни мети. Војниците во текот на вежбите изведоа задачи на пронаоѓање, следење и соборување на крстосувачки ракети на хипотетички противник“, појасни Руљов.

Тој исто така истакна дека хипотетичките крстосувачки ракети биле електронски проектирани, а параметрите на нивната брзина и висина се менувале, што за борбените екипажи го отежнувало нивното пронаоѓање и уништување.

Според извештајот, со пресметките на ПВО-системите „Триумф“ и „Панцир“ задачите се успешно извршени и тоа благодарение на напредните својства на радарските системи, функциите за следење на метите, комбинираното ракетно-артилериско вооружување и универзалноста на уништувањето на целите.

Началникот на прес-службата на Јужниот воен округ Вадим Астафјев изјави за новинарите дека лансирните единици самостојно извеле марш до предвидените зони на дејство. Таму техниката е префрлена од маршовска од борбена позиција, по што со пресметки се извршени анализи на теренот и ориентација на средствата за противвоздушна одбрана.

За да се провери прецизноста на топографската локација, процедурата на пресметките опфатила и барање и зафаќање на контролните цели, чија улога ја имале тактичките фронтовски бомбардери Су-24, додаде началникот на прес-службата. По уништувањето на балистичките ракети на хипотетичкиот противник, пресметките на системите С-400 извеле оперативна промен ана лансирните позиции. На претходните позиции ракеташите распоредиле пневматски модели-симулатори на лансирните компоненти на системот С-400.

Прочитајте повеќе: Руската армија создаде моќна ударна групација за високопрецизни удари на далечини до 4000 километри

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња