Руското Министерство за одбрана објави видеоматеријал во кој ракеташите на Јужниот воен округ на полигонот Капустин Јар (Астраханска област) изведуваат воена вежба со боево гаѓање.
На видеоклипот е прикажано боево гаѓање од ракетен противвоздушен систем С-400 „Триумф“. Притоа се пресретнати осум нисколетечки воздушни цели кои имитираа крстосувачки и балистички ракети. Употребени се ракети-мамци „Кабан“ „Бекас“ и „Армавир“.
Овие ракети-мамци се одликуваат со исклучително голема брзина на летот и, она што е многу важно, нивната радарска рефлексија е исклучително мала така што е отежнато нивното откривање. Во секој случај овие ракети претставуваат мети кои се далеку потешко за пресретнување од повеќето цели кои во реална борба би се нашле наспроти системот С-400.
Ракетниот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите видови современи и перспективни средства за воздушен напад, вклучувајќи стратешки бомбардери, балистички и крстосувчки ракети кои се применуваат против копнени цели. Радарската компонента на овој систем има способност да открие и следи цели на далечина до 600 км и со ракети со голем дострел 40Н6 да ги гаѓа од далечина од 400 км . Притоа овие цели можат да се движат на висина од 35000 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче